Приведена и однесена во затвор 36 годишна велешанка
Објавено на 22 октомври, 2024 во 15:40
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 15:30 часот ја привеле триесет и шест годишната велешанка С.К. барана по потерница. Наредбата за приведување ја издал Основен суд Велес. Велешанката била барана за издржување на казна затвор.
-Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „ Затвор Идризово“ за издржување на казната, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Убавка Јаневска