Приведени двајца мажи во Градско, украле повеќе предмети од викендица во близина на локалитет Стоби

Објавено на 25 јуни, 2024 во 11:36

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, во 17:50 часот, во Градско, во близина на локалитет Стоби ги лишеле од слобода четириесет годишниот Е.С и осум години помладиот Н.А двајцата од Прилеп.

Тие од викендица којашто се наоѓала во близина на локалитет Стоби, во сопственост на шеесет и едно годишниот С.С од Скопје одзеле повеќе предмети кои подоцна биле пронајдени и вратени на сопственикот.

-При извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти. Н.А. и
Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.