Приведени петмина дилери на дрога во Велес меѓу кои и еден малолетник
Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера, 2 октомври, од Одделение за недозволена трговија Велес биле лишени од слобода триесет и едно годишниот М.Ж, десет години помладиот К.Д, дваесет годишниот Ј.М, триесет и девет годишниот В.М. и еден малолетник.
-По преземени мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М.Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј.М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени, а нешто подоцна и К.Д., кој претходно бил во домот на Ј.М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана. Но, и тој набрзо бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена, соопштија од МВР.
Потоа, околу 21:00 часот, по наредба на Основен Суд Велес извршен бил претре кај Ј.М при што биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ. Ј.М. бил приведен, а при претресот, В.М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства, по што и таа била лишена од слобода.
Од МВР додаваат дека во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк