Пронајдена марихуана кај двајца велешани
Објавено на 22 јуни, 2023 во 11:27
Министерство за внатрешни работи информира дека вчера, на 21 јуни, полициски службеници од СВР Велес ги лишеле од слобода дваесет и седум годишниот С.Ј и три години повозрасниот Г.М, двајцата од Велес. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР додаваат дека велешаните биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Дума.мк