Пронајдено девојчето од Велес по кое се трагало, фатен крадец со украденото

Објавено на 18 декември, 2023 во 08:40

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба – отсек потраги, вчера во 14 часот, ја пронашле А.Д., на возраст од 15 години, од Велес, за која на 15 декември, било пријавено дека се оддалечила од СОС – Детско село.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, девојчето било предадено во установата.

Секторот за внатрешни работи Велес, исто така, вчера соопшти дека приведен бил крадец во Велес и тоа што го украл било пронајдено и вратено на сопственикот

Полициските службеници на СВР Велес крадецот  Е.Ј.(39) од Велес го привеле во сабота, вечерта, во 21:30 часот или час и половина откако извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.