Пронајдено девојчето од Велес по кое се трагало, фатен крадец со украденото
Полициски службеници од ЕВР Гази Баба – отсек потраги, вчера во 14 часот, ја пронашле А.Д., на возраст од 15 години, од Велес, за која на 15 декември, било пријавено дека се оддалечила од СОС – Детско село.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, девојчето било предадено во установата.
Секторот за внатрешни работи Велес, исто така, вчера соопшти дека приведен бил крадец во Велес и тоа што го украл било пронајдено и вратено на сопственикот
Полициските службеници на СВР Велес крадецот Е.Ј.(39) од Велес го привеле во сабота, вечерта, во 21:30 часот или час и половина откако извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Убавка Јаневска