Пронајдено женско тело во река Вардар кај Демир Капија

Објавено на 20 февруари, 2023 во 12:05

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, во 12:30 часот во водите на река Вардар кај Демир Капија пронашле тело на удавено женско лице.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по преземени мерки било потврдено дека се работи за седумдесет и пет годишната М.Ч од Демир Капија, за која на 24 јануари, годинава, било пријавено дека се оддалечила од домот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.