Распоредот за настава на велешките училишта е готов, кои ученици се во прва а кои во втора смена?
Основните и средни училишта во Велес на 1 септември, годинава, ги отвораат влезните врати за учениците. Наставата ќе се одржува со физичко присуство. На првиот училишен ден во новата учебна година распоредот за учениците е следен:
Учениците кои посетуваат целодневен престој во ООУ„Блаже Конески“ поточно од прво до четврто одделение на училиште ќе одат во 7:00 часот и тие распоредени на повеќе влезови ќе влегуваат во училниците до 7: 30 часот кога започнува наставата. Училиштето обезбеди влез во времетраење од по 10 минути за секоја паралелка. Престојот во училиштето завршува во 14:30 односно 15:00 часот.
Во прва смена исто така настава ќе посетуваат и учениците од три паралелки на петто одделение. Тоа се учениците од V 2, V 3 и V 5 одделение како и сите ученици од шесто и осмо одделение.
Во втора смена со почеток во 14:00 часот наставата во ова основно училиште ќе ја следат учениците од паралелките V 1 и V 4 заедно со сите останати ученици од седмо и девето одделение.
Училиштето распоредот ќе го објави и на училишната веб страница www.blazekoneskiveles.com
ООУ„Кирил и Методиј“ новата учебна година ја започнува со доаѓање на сите ученици од четврто и од шесто до деветто одделение во прва смена којашто започнува во 7:30 часот. Во исто време ќе дојдат на училиште и учениците од петто „В“ одделение.
Првиот училишен ден за првачињата во ова училиште започнува во 9:00 часот. За второ одделенците наставата ќе започне во 8:00 часот додека во 10 часот ќе започне наставата за учениците од трето „А“, „Б“ и „В“ како и за петто одделенците од „А“ и „Б“.
Учениците од одделенска настава поточно од прво до петто одделение во ООУ„Панко Брашнаров“ на 1 септември на училиште се прва смена којашто започнува во 7:30 часот додека од предметна настава од шесто до деветто одделение во втора смена со почеток во 13:00 часот.
Новата учебна година за учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ќе започне на 1 септември во 7:15 часот додека за средношколците во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во 13:15 часот.
Учениците на ССОУ „Коле Неделковски“ од прва и трета година година, во среда, на 1 септември, се прва смена на училиште со почеток во 7: 30 часот додека од втора и четврта година во втора смена со почеток во 13:30 часот.
Сите ученици од СОУ„Јовче Тесличков“ се во прва смена и за нив учебната година започнува во 7:30 минути.
Дополнително ќе го објавиме распоредот на ООУ„Васил Главинов“.
Убавка Јаневска