Реализирана обука по прва помош во велешки Црвен крст

Објавено на 25 август, 2022 во 10:15
Фото: Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес

Дваесет волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, вчера биле дел од основна обука за познавање на прва помош. Од велешки Црвен крст соопштија дека за време на обуката сите волонтери научиле како да даваат прва помош во случај на безсознание, крварење, скршеница и задушување.

Фото: Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес

Дел од волонтерите биле лица коишто подолг временски период се дел од велешки Црвен крст додека дел биле нови коишто започнале со своето волонтирање како дел од летната програма за волонтирање.

Обуката по прва помош била реализирана од страна на демонстратор Тања Јаковлевска.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.