Рекордна крводарителска акција за Денот на Општина Градско
Крводарителите од Градско и околните населени места одново ја докажаа нивната хуманост. На акцијата која се одржа по повод Денот на општината 16-ти декември даруваа рекордни 78 крвни единици, претходно рекордот беше 75. Осуммина од дарителите даруваа за прв пат и станаа дел од нахуманото семејство во земјата.
Крводарителската акција ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.
На акцијата учествуваа шестмина волонтери од Основната организација на Градско и од Клубот на млади. Ова беше трета крводарителска акција во 2021 година во Градско. Крводарителите од општината годинава имаат дарувано вкупно 186 крвни единици.
Стефани Манева