Форум: „Јавен линиски превоз за сите граѓани од руралните средини на Општина Велес“

Објавено: 22 септември, 2026, во 10:37 часот

Со цел да се отвори директен дијалог за конкретниот проблем што ги засега граѓаните а е поврзан со јавниот линиски превоз во Велес се одржа Форум на кој што темата овозможи засегнати страни како што се жени и млади од рурални средини, преставници на населени места како и на граѓански организации да разговараат со преставници од надлежните институции, советнички во Советот на Општина Велес и приватни превозници.

Јавниот линиски превоз не е само прашање на транспортот, туку прашање на пристап до работа, образование, здраствени и други услуги како и до рамноправно учество во заедницата.

– Особено е важно што жените и младите од руралните средини имаа можност да ги споделат проблемите со кои се соочуваат во местото во кое живеат. Заклучоците и препораките кои произлегоа од форумот ќе бидат основа врз која ќе се подготви конкретно барање до надлежните институции, рече Мирјана Трајкова – претседателка на Организација на жените на Општина Велес.

Форумот беше реализиран во рамките на проектот ,,Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество”, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас што во државата го реализира Женска граѓанска иницијатива „Антико“додека во Велес заедно со Организација на жените Општина Велес и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.

Форумот беше реализиран во Јуроп Хаус Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.