Лозарите на блокади сеуште чекаат поништување на продажбата на “Винеа„
Долга колона од возила се создаде на патот Градко – Прилеп кај Росоман поради блокадата од лозарите.
Тие го продолжија протестот барајќи поништување на продажбата на “Винеа“ од каде имаат за наплата долг од над 600 илјади евра.
“ Ние не даваме пари за грозјето, пари на друго место нека бараат. Не сме должни еве тука да седиме вака. Ќе дремиме еве сега тука на патот, ни јадење имаме ни ништо“. Ваква беше реакцијата на возач на цистерна.
Лозарите жалат што поради нивниот проблем мора да страдаат и недолжни граѓани но, тоа им е единствениот начин надлежните да го слушнат нивниот проблем, дека им се откупува родот, потоа визбите пропаѓаат и вршат грабеж на лозарите.
Производителите на грозје стравуваат ако судот не ја поништи продажбата на “Винеа“ дека парите нема никогаш нема да си ги наплатат. Бараат помош од Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за правда. Не им е јасно зошто во државата се врши грабеж на лозарите и никој за тоа не одговара. Тврдат дека постоела организирана шема за богатење на поедини винарии врз нивната мака.
“Ако има пари за врби, панорамско тркало треба да има и за грозјето“ регираше еден од лозарите на протестот. Според него државата требало да ги обесштети со пари од буџетот, а потоа бидејќи државата имала механизми тие пари можела да си ги поврати.
“Го известивме министерот за земјоделство да дојде овде за да ни помогне во изнаоѓањето на решение за нашиот проблем. Или барем да не известат можат ли да помогнат околу разрешувањето на оваа незавидна ситуација. Мислам дека министерството треба да излезе со став околу тоа како би можеле да се обесштетат лозарите. “ рече лидерот на лозарите, Љупчо Аризанов.
Патот Градско-Прилеп ќе биде бликиран и утре.