Бесплатно си го исконтролираа здравјето жителите на Росоман

Објавено на 17 август, 2013 во 11:44

Стотина жители на Росоман денеска го посетија здравствениот пункт на Здравствените  домови од  Кавадарци и Скопје за да си го проверат бесплатно своето здравје. Медицинскиот тим им пружи бесплатно мерење  на шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Жителите се задоволни од акцијата и рекоа дека би требало во нивното населено место да ги има почесто.

„ Работата на поле и покрај се некогаш излегува поважна од здравјето па не  дозволува за одредени лекарски услуги да патуваме, но вака,  кога тимот стои на располагање и тоа бесплатно секогаш се наоѓа време“ рекоа росоманци.

Здравствен дом вети дека вакви акции ќе има уште неколку за да ги задоволи потребите на жителите од Росоман.

„ Се прават базични лабораториски анализи, ликемија, холестерол, мерење крвен притисок, тежина  и ЕКГ“ рече д-р Маја Камчева./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.