Бесплатно си го исконтролираа здравјето жителите на Росоман
Стотина жители на Росоман денеска го посетија здравствениот пункт на Здравствените домови од Кавадарци и Скопје за да си го проверат бесплатно своето здравје. Медицинскиот тим им пружи бесплатно мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок.
Жителите се задоволни од акцијата и рекоа дека би требало во нивното населено место да ги има почесто.
„ Работата на поле и покрај се некогаш излегува поважна од здравјето па не дозволува за одредени лекарски услуги да патуваме, но вака, кога тимот стои на располагање и тоа бесплатно секогаш се наоѓа време“ рекоа росоманци.
Здравствен дом вети дека вакви акции ќе има уште неколку за да ги задоволи потребите на жителите од Росоман.
„ Се прават базични лабораториски анализи, ликемија, холестерол, мерење крвен притисок, тежина и ЕКГ“ рече д-р Маја Камчева./А.Д