Самохрани родители и лица во социјален ризик од Неготино учеа вештини за мал семеен бизнис

Објавено на 6 октомври, 2025 во 11:31

Самохрани родители и лица во социјален ризик од Неготино вчера учеа како да изработуваат рачни производи што можат да им донесат финансиска добивка во иднина. Преку практична обука, учесниците се запознаа со техниките за изработка на украсни и мирисливи свеќи и глицерински сапуни, како и со начини за нивна промоција и продажба.

Настанот го организираше регионалниот еколошки центар „Ековита“, како дел од напорите за економско јакнење на ранливите категории граѓани преку развој на одржливи вештини и микро-претприемништво.

– Всушност, им презентирав на сите учесници како да изработуваат украсни и мирисливи свеќи и глицерински сапуни, да ги промовираат најпрвин на саеми во земјава и надвор од неа, а најталентираните подоцна да имаат можност и да заработуваат преку еден ваков мал семеен бизнис, изјави Кристина Тодорова, координатор на активностите.

Настанот се одржа во рамките на проектот INNOHUB, кој се реализира со подгрант преку регионалниот проект EICEE, кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.