Се трага по малолетник којшто исчезнал во река Вардар
Објавено на 16 август, 2021 во 10:26
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Неготино било пријавено исчезнување на малолетник којшто влегол во река Вардар.
-На 15 август, околу 16:00 часот, во Полициска станица Неготино триесет и девет годишниот З.Ј, пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар. Еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Полициски службеници и припадници на специјалната нуркачка единица трагаат по лицето.
Стефани Манева