Се запалил шлепер цистерна на автопатот Велес – Градско, велешките пожарникари со брза интервенција
Објавено на 9 април, 2024 во 11:34
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната против пожарна единица Велес спрелича експлозија на цистерната којашто утрово се запалила на автопатот Велес – Градско.
Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ добиле во 09:08 часот по што веднаш се упатиле кон местото.
-Со две против пожарни возила и пет пожарникари веднаш излеговме на лице место. По пристигнување пристапено беше кон гаснење на пожарот и со брзото пристигнување но и брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната, велат од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.
Дума.мк