Се запалила столарска работилница во Чашка, велешките пожарникари со брза интервенција го изгаснале пожарот
Пожарникарите од ТППЕ Велес, вчера, на 19 мај, во 02:50 часот добиле повик за настанат пожар во столарска работилница во Чашка. Седум пожарникари со три противпожарни возила веднаш се упатиле кон местото по што затекнале како гори кровната конструкција и работилницата.
-Со брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо време беше ставен под контрола и целосно изгаснат, велат од ТППЕ Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес го потврдуваат случајот и соопштуваат дека четириесет и две годишниот Д.Т од Чашка кој бил сопственик на пиланата во 03:00 часот го пријавил пожарот во полиција.
– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид бил извршен, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк