Се затвора пунктот за масовна вакцинација, од утре вакцини и ревакцини во ЈЗУ Здравствен дом Велес
На последниот ден од работата на пунктот за масовна имунизација во Велес, сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“, ревакцинирани се 212 граѓани со втора доза на АстраЗенека. Пунктот попладневно официјално ги затвора влезните врати за оваа потреба на граѓаните на Велес, Чашка, Градско и Лозово. Од утре, среда, први септември, аплицирањето на вакцините ќе продолжи на пунктовите во ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Пунктот за масовна вакцинација во ССОУ „Коле Неделковски“ започна со работа на 25-ти мај, годинава. За време на имунизацијата беа ангажирани пет доктори специјалисти од ЈЗУ Здравствен Дом и 12 лекари стажанти со лиценца за работа. Исто така помагаа 29 волонтери кои изработија над 2.000 волонтерски часови во над 200 смени и ангажирани беа припадници на АРМ од касарната во Велес којшто се грижеа за редот на пунктот.
На последниот работен ден на пунктот за масовна вакцијација учесниците направија заедничка фотографија.
Стефани Манева