Седум за прв пат од вкупно 103 граѓани беа дарители на крв на акцијата во Градско (фото)
Објавено: 20 април, 2026, во 10:38 часот
Сто и три граѓани на Градско дојдоа и даруваа крв во рамки на акцијата што ја спроведоа Основната организација на Црвен Крст Градско и Институт за трансфузиологија во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија. Од нив седум лица, претежно млади, за прв пат даруваа крв. Тоа особено ги радува организаторите кои информираа дека станува збор за прва организирана крводарителска акција годинава која што наиде на висок одзив.

“Граѓаните покажаав што значи заедништво и грижа за другите . Крводарителите даруваа крв и помогнаа да се спасат многу животи. Голема благодарност до сите хумани луѓе кои одвоија време и даруваа дел од себе. Вие сте вистински херои. Да продолжиме заедно да шириме хуманост и да спасуваме животи,“ им порачаа организаторите.

Крводарителската акција се спроведе вчера во домот на културата “Крсте П. Мисирков” во Градско под мотото „Хуманоста на дело“.
Убавка Јаневска


