Што покажа социјалното мапирање на „Стратум“во Општина Велес?
Со цел зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за интегрирање на целите за одржлив развој и примена на принципот „Никој да не биде изоставен“ при креирање на локалните политики и буџети Општина Велес е една од трите општини во Македонија во која се спроведе социјално мапирање. Мапирањето го спроведоа Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС , НАЛАС, Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа со поддршка на ГИЗ, Германското друштво за меѓународна соработка.
Во шест групи на граѓани на Велес, вкупно 500 испитаника, беа вклучени и во истражување спроведено од консултантската компанија „Стратум“ за степенот на сиромаштија на деца, на жени – жртви на семејно насилство, лица со попреченост или инвалидитет како и стари лица кои живеат сами во рурална средина. Извештајот содржи генерално негативни но и застрашувачки податоците, смета Весна Кузмановиќ од „ Стратум“.
-Бидејќи не очекувано групата на едно родителски семејства односно на самохрани родители излезе дека е група којашто е не препознаена од системот и токму поради тоа не добива никаква финансиска помош, не добива помош во одгледување на децата и така натаму. Гледајќи ги резултатите некако самохраните родители по сите показатели живеат под најголем ризик. Она што е застрашувачко е тоа што тие не можат да ги сервисираат потребите на своите деца и на генерацијата којашто треба да не носи а тоа е не возможност да одат во градинки, не можност да посетуваат разноразни дополнителни образовни активности и спортски активности, што уште од старт вие ги правите тие деца да бидат не конкурентни на пазарот на трудот. Исто така тие не се сопственици на живеалиштата во коишто живеат, немаат дополнителна финансиска помош поради тоашто мораат да ги чуваат децата и не можат да одат да работат. Практично многу фактори на ризик влијаат на нив и никој не им помага и не ги препознава како група, додаде Кузмановиќ.
Исто така, извештајот покажа дека старите лица се соочуваат со проблеми во секојдневното функционирање поради мобилноста во извршување на секојдневните активности. Тие живеат сами откако деца ги напуштиле поради преселби во градот или надвор од државата. Затоа потребна им е поддршка од лични асистенти којшто ќе им помагаат. Лицата со инвалидитет или попречености се соочуваат со највисок степен на дискриминација бидејќи надвор од домот, улицата или институции не се прилагодени за нивното движење. Исто така немаат пристап до образовни и други типови на слободни активности и не можат да партиципираат во јавниот живот . Лицата со инвалидитет, од финансиски аспект, најдобро е препознаена, дефинирана како група и добива парична помош.
Поголемо вложување на општината во обуки и невработени лица кои би давале социјални услуги, во инфраструктурата преку обезбедување на пристапност на тротоарите и до зградите, поддршка во бесплатна градинка за децата од едно родителски семејства како и понекаде во адаптација на домови се генералните препораки на експертот Душан Томчиќ.
-Како што слушнавме, во Велес постои зграда што во минатото била објект за згрижување на стари лица, пензионери. Потребно е да се подготви финансиска конструкција и објектот да се искористи да биде регионален центар за потребите како на Велес така и на општините коишто гравитираат кон него, додаде Томчиќ.
Со учеството во проектот „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“ на ЗЕЛС, Општина Велес, ќе добие стручна помош за интегрирање на клучните наоди што произлегуваат од социјалното мапирање во стратешките документи на општината во областа на социјалната заштита како и финансиска поддршка за спроведување на специфични мерки предвидени во ревидираните и ажурирани документи што ќе обезбедат локални субвенции директно од страна на ГИЗ.
Убавка Јаневска