Син нападнал мајка во неготинско село, сместен бил во здравствена установа
Објавено на 23 ноември, 2023 во 13:29
Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера, доцна попладне, околу 18:40 часот, го лишиле од слобода С.Т.(40) од неготинско село затоа што физички ја нападнал неговата мајка.
„За настанот бил известен јавен обвинител и претставник од Центарот за социјални работи Велес, по што лицето било спроведено во здравствена установа во Негорци,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска