Сообраќајна незгода помеѓу три возила на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Објавено на 12 ноември, 2021 во 10:33

На регионалниот пат Неготино – Кавадарци, се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко возило „Ауди“ управувано од дваесет и осум годишниот Д.П, патничко возило „Фолксваген голф“ управувано од триесет и две годишната М.П и патничко возило „Ауди“ управувано од дваесет и две годишниот М.Р, сите возила со неготински регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.П додека нејзиниот сопатник триесет годишниот С.П како и дваесет и две годишниот возач М.Р и неговата сопатничка, три години постарата Т.М се здобиле со телесни повреди констатирани во болница во Неготино.

– Бил извршен увид на местото на незгодата, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Сообраќајната незгода се случила вчера, 11 ноември, околу 20:30 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.