Светски познат експерт за вино дојде во Македонија, ja посети винарија ,,Попови” во Кавадарци

Објавено: 14 септември, 2026, во 10:09 часот

Керолајн Гилби (Caroline Gilby), еден од најпознатите светски експерти за вино, Master of wine денеска беше во посета на Вински подрум „Попови“, мала винарија во Кавадарци. Гилби ги познава вината на оваа мала винарија и дојде лично да се увери во нивниот квалитет препознаен на многу светски натпревари на кои што добија златни медали.

„Експертот е врвен познавач на вината и одличен консултант за продажба и извоз“, рекоа од кавадаречката семејна винарија.

Оттаму подвлекоа дека нашата земја има одлични вина, посебно од малите винарии, што произведуваат лимитирани серии, но со висок квалитет.

Вински подрум „Попови“, минатата година, извезе македонско вино во Словенија, Србија, Данска, Америка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.