Пожар, вчера доцна попладне, пеплоса дваесет хектари површина во светиниколско

Објавено на 3 јули, 2014 во 07:19

Дваесетина хектари жито, винова лоза и стрништа се уништени во синоќешниот пожарот што го зафати пределот меѓу светиниколските села Ерџелија и Немањици.

Пожарот беше успешно изгаснат од страна на 10 пожарникари од противпожарната единица во Свети Николе кои интервенирале со две противпожарни возила. Ним им помогнале и вработените од компаниите лоцирани во близина на пожарот. Гаснело и локалното население од селата со сопствена механизација.

Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев изјави дека на терен излегле и екипи кои ги утврдуваат причините за пожарот, а исто така се прави и проценка на штетите на земјоделските култури.

Пожарникарите апелираат земјоделците во Овчеполието да внимаваат како ги палат стрништата по завршената жетва на житните култури,  бидејќи, како што посочуваат во услови на високи температури огнот може може брзо да се прошири./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.