СВР Велес изврши службен разговор со две лица од Градско
Објавено на 10 октомври, 2025 во 15:36

„Полициските службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, извршиле службен разговор со Д.К.(32) и З.М.(39), двајцата од Градско, во врска со настанот од 08.10.2025 за извршено оштетување на влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Притоа, тие изјавиле дека оштетувањето го сториле нивните две малолетни деца додека си играле во близина на штабот. За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес,“ соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


