Татко под истрага за вршење полови дејства над малолетна ќерка

Објавено на 16 август, 2023 во 12:01

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија над малолетната ќерка.

„Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик,“ соопшти обвинителството.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определил мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.​

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.