Тепачка помеѓу двајца братучеди во Велес, еден од нив со сериозни повреди

Објавено на 3 август, 2021 во 12:05

За време на продолжениот викенд во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека на 31 јули, недела, околу 23:00 часот настанала тепачка помеѓу двајца братучеди. Педесет и шест годишната И.Р во СВР Велес пријавила дека во дворот на нејзината куќа настанала расправија помеѓу нејзиниот триесет и седум годишен син Д.Р и неготвиот братучед О.Р (41). Во тепачката О.Р со дрвен предмет го нападнал Д.Р и му нанел тешки телесни повреди констатирани во велешката болница.

– Од страна на Итна медицинска помош, на први август, беше донесено лице во неконтактибилна состојба со повреда на глава. Поради сериозноста на повредите пациентот е препратен на Клиника за Неврохирургија, соопшти Д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека се работи на расчистување на случајот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.