Тепачка помеѓу тројца велешани на „Којник“
Објавено на 22 август, 2023 во 09:54

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека на улица „Којник“ во Велес, ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ, настанала физичка пресметка помеѓу деветнаесет годишниот Ј.А, една година помладиот С.Ѓ од една страна и 29 годишниот Б.С од друга страна.
Тепачката била пријавена во СВР Велес и оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Дума.мк
