Тепачка во село Криволак, неготинско

Објавено на 27 октомври, 2021 во 13:39

Во Полициска станица Неготино, во текот на вчерашниот ден, 26 октомври, околу 14:00 часот, шеесет и три годишниот Ј.М од Штип пријавил дека во село Криволак, неготинско, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу него и педесет и девет годишниот С.М од Штип.

Исто така, во ОВР Кавадарци, седумдесет годишниот С.К пријавил дека на улица „Моша Пијаде“ во Кавадарци бил каснат од куче домашен миленик оставено без надзор.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.