Тепачка во Велес и казни за не носење маски

Објавено на 22 септември, 2021 во 12:29

Во полициска станица Велес, шеесет и девет годишниот Т.Д од Велес, пријавил дека вчера, 21 септември, околу 10:30 часот на улица „Орце Шутев“ бил физички нападнат од К.С.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Исто така, во текот на вчерашниот ден за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се две лица во Велес и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.