Тешко повреден 60 годишен моторциклист
Објавено на 14 јули, 2023 во 14:57

Општа болница Кавадарци, вчера доцна попладне, пријавила во ОВР Кавадарци лице на шеесет годишна возраст коешто било донесено на лекување со тешки телесни повреди.
Демиркапиецот З.С.(60) бил донесен и примен на лекување во кавадаречката болница околу 18 : 00 часот со здобиени повреди откако изгубил контрола и излетал од коловозот на локалниот пат манастир „Св.Магдалена“ – Демир Капија, кај место викано „Лаки“.
„Мопедот што го управувал тешко повредениот маж имал велешки регистерски таблички. Увид на местото на сообраќајната незгода изврши екипа од Полициската станица Неготино,“ соопшти СВР Велес.
Убавка Јаневска
