Тешко повредено лице во сообраќајна незгода на локалниот пат Кавадарци – село Ресава
Објавено на 11 ноември, 2021 во 12:56
На локалниот пат Кавадарци – село Ресава, шеесет и шест годишниот Н.П од Кавадарци управувајќи патичко возило марка „Цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во незгодата Н.П се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
-Бил извршен увид на местото на настанот, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Сообраќајната незгода била пријавена во Полициска станица Кавадарци, вчера, 10 ноември, околу 12:00 часот.
Стефани Манева