Транспортирана пациентка од ковид болницата во Велес на Инфективна клиника во Скопје
Во ЈЗУ Општа болница Велес денеска вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои 43 се потврдени позитивни,11 се сомнителни и 13 пациенти имаат негативен тест но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти.
-На Инфективно се лекуваат 34, во Модуларна болница 25 и на Интерно одделение осум пациенти. Денеска од болницата испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест, рече д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа болница Велес.
Извршен е транспорт на 73 годишна пациентка на Инфективна клиника Скопје.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира нови 23 лица позитивни на ковид-19 во велешко во изминатите 24 часа како и оздравени 28 пациенти. Со денешно објавената бројка од 23 позитивни бројот на активни случаи изнесува 310 со што Велес се наоѓа на третото место во државата на листата на активни случаи на коронавирус.
Убавка Јаневска