МААВЗ одржа состанок во Велес, за една година одржани 27 велосипедски настани со учество на над 5 000 велосипедисти
Одржани вкупно 27 велосипедски настани на територијата на Македонија со учество на над 5000 велосипедисти преку којшто се промовираа алтернативниот велосипедизам, туризам и природните убавини на сите плански региони. Овие се само дел од постигнатите резултати, годинава, што можеа да се слушнат на последната седница на Македонската Асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови во која членува и ЗГ„Велес бајкинг“, чиј претседател е велешанецот Зоран Јаневски. Тој ги соопшти и информациите за финансиското работење на Асоцијацијата.
-Бидејќи ова е прва година од формирањето на Асоцијацијата во делот на материјално финансиското работење на располагање ја имавме чланарината во висина од 24, 000 денари од која за регистрација во Централен регистер се потрошени околу 9.000 денари. Членките изразија подготвеност за пишување на проекти и аплицирање на повици на донатори. Во текот на деветтата работна седница беа направени и планови за идната 2025 година го дефиниравме и Нацрт-планот на Календарот на Велосипедски настани. Нашата визија за наредната година е уште поамбициозна, со цел да привлечеме повеќе учесници, да организираме уште поквалитетни настани, да допринесеме кон поголем развој на локалните заедници, еко туризмот и заштитата на животната средина преку велосипедизмот, додаде Јаневски.
Во Асоцијацијата членуваат вкупно 23 граѓански здруженија и клубови од државата кои се договорија на наредна седница, планирана да се одржи, вгодина, на крајот на месец февруари. Тогаш точно ќе ги дефинираат активностите кои ќе бидат организирани под покровителство на самата асоцијација.
Убавка Јаневска