Трендафилов: Три минимални плати не ја покриваат вредноста на минималната синдикална кошница,во Македонија од ден во ден се потешко се живее (видео)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/Трендафилов-1024x757.png)
Несватливо е да се води „борба“ со минималната синдикална потрошувачка кошничка, која не покажува како граѓаните можат да преживеат туку на креаорите на политики и на работодавачите им покажува дека не се живее со остварена минимална плата или нешто повисока од 22 илјади денари, рече меѓу другото претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одговарајќи на прашањето на Дума.мк дали по неколку децениска формирана синдикална потрошувачка кошничка можни се одредени корекции.
Синдикална потрошувачка кошничка во Македонија постои од 2010 година која од пред две години применува нова методологија со која се опфатени пред се прехрамбени производи коишто треба во исхраната да ги има и четворочлено работничко семејство како и избраните функционери. Таа ги мери и финансиските трошоци за другите потребни услуги на граѓаните. Кошничката ја одразува финансиската моќ или немоќ на граѓаните да купат производи коишто треба пред се да ги користат како храна.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)