Три нови случаи на Ковид-19 во Велес

Објавено на 24 јули, 2021 во 15:50

Сопругот и синот, на четириесет и четири годишната велешанка, што вчера беше примена на Инфективно одделение во велешка болница и по направени снимања на рентген и компјутер препратена на Инфективна клиника во Скопје со дијагноза компликации со воздух во белите дробови како последица на коронавирусот, се двајцата новозаразени велешани. Третиот е исто така маж, на возраст од 68 години од Велес. Тројцата се со полесна клиничка слика и во домашна изолација. Во понеделник ќе се утврдува видот на коронавирусот со кои тие се заразени поточно дали станува збор за делта сој.

Тројцата новозаразени велешани се евидентирани во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје што ги соопшти Министерството за здравство.

Како што дознава Дума.мк вчера евидентираната жена, како прв случај на корона по 12 дневното затишје во Велес, била вакцинирана.

Статистиката покажува дека до денеска во Велес од ковид-19 заболеле вкупно 5478 граѓани и во моментов активни се 4 пациенти.

Освен во Велес, во последните 24 часа кога се направени 4.264 тестирања, регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. По градови статистиката покажува дека во во Тетово има 13, во Скопје 12, во Гостивар, во Прилеп и во Струмица по 2, како и во Охрид, во Свети Николе и во Делчево по 1.

Денеска регистрирани сe 10 оздравени пациенти и тоа Скопје со  5, Кичево со 2 и Тетово, Струмица и Берово со по 1 пациент.

И денеска не се регистрирани починати пациенти во државата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.