Ученици од Градско беа дел од едукација за болести на зависност
Објавено на 17 ноември, 2023 во 09:34

Ученици од осмо и деветто одделение од ООУ „Даме Груев“ во Градско, вчера, беа дел од едукација за болести на зависност спроведена од велешки Црвен крст.
-За време на едукацијата учениците имаа можност да научат за сите последици и негативни влијанија коишто ги има употребата на цигари, алкохол и дрога, соопштија од Црвен крст Велес.
Оваа активност била спроведена во просториите на Дом на кулута „Крсте Петков Мисирков“ и предавањето било изведено од страна на сертифицирани врснички едукатори од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес.
Стефани Манева
