Учениците од ООУ „Блаже Конески“ со медали и признанија од државни натпревари по математика, природни науки и англиски јазик

Објавено на 21 мај, 2025 во 11:05

Учениците од ООУ „Блаже Конески“ од различни одделенија, во континуитет освојуваат високи награди на државни натпревари, со што го потврдуваат квалитетот на наставата, посветеноста на наставниците и талентот на учениците. Поточно овој мај особено беше плоден за учениците кои се закитија со награди на државните натпревари по математика, природни науки и англиски јазик.

Ученичка Ева Стоилковска го осовоила бронзениот медал на Јуниорската македонска математичка олимпијада којашто се одржала на 18 мај, годинава. Како што соопштија од училиштето овој успех е резултат на нејзината посветеност, истрајност и љубов кон математиката, како и големата поддршка од нејзиниот ментор Лидија Грбева.

-Постигнувањето на Ева ќе претставува поттик и инспирација за сите ученици да веруваат во себе и да се стремат кон знаење и личен напредок. Ева достојно го претстави нашето училиште и покажа дека трудот секогаш се исплаќа, велат од ООУ „Блаже Конески“.

Истиот ден, покрај Ева со награди се здобиле и учениците од IV, V и VI одделение кои се натпреварувале на Државниот натрпевар по природни науки. Тие ги одмериле своите знаења со врсниците од целата држава и во нивното училиште се вратиле со бројни награди.

Од петто одделение, прва награда освоил Рамадан Каан Амедоски, втора награда Марко Домазетовски, трета награда Лилиа Ѓошева, а пофалница добила Сара Кузманова, сите под менторство на Ружица Петрушевска-Николовска.

Од шесто одделение, втора награда освоил Александра Николова под менторство на Весна Мешкова.

Од четврто одделение, трета награда добиле учениците Марта Ристов и Георги Венинов под менторство на Весна Брчкова и Вера Трчкова, како и Рената Миновска и Ленче Зогравска, додека пофалници освоиле Василиј Шалев под менторство на Цветанка Велинова и Соња Неделковаска и Мила Атанасова под менторство на Маја Костова и Лидија Алчева Игновска.

Од училиштето упатија искрени честитки и до овие ученици за нивниот успех и достојно претставување, како и до нивните ментори за нивната несебична поддршка и мотивација.

Покрај натпреварите по математика и природни науки, нивни соученици се истакнаа и на државниот натпревар по англиски јазик кој се одржа на 10 мај годинава во просториите на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода, Скопје.

-Нашите ученици и овој пат постигнаа неверојатно високи резултати, а со тоа повторно докажаа дека ги имаме најпосветените, најталентираните и најдобрите ученици во нашата држава, додаваат од училиштето.

ООУ „Блаже Конески“ продолжува да биде пример за квалитетно образование, поддршка на учениците и негување на знаењето како вредност. Успесите на ученици се потврда за тоа и инспирација за идните генерации.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.