Уписите на средните училишта во Велес се во тек, но паѓа апликацијата „schools.mk.“ на МОН
Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ во текот на вчерашниот ден, на својата фејсбук страна соопшти дека поради технички причини на системот за електронски упис сите заинтересирани ученици кои не успеале да се пријават преку системот, тоа да го направат лично во училиштето.
Проблем со функционирањето на аплиакцијата school.mk на МОН, во четвртокот, на првиот уписен ден, имаа и ССОУ „Димитрија Чуповски’ како и СОУ „Јовче Тесличков“ кои потврдија за Дума.мк.
На фејсбук страната на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ исто така е објавен апел до сите деветоодделенци коишто се соочуваат со проблеми при печатењето на електорнската пријава за упис да се обратат до комисијата за прием на документи лично во училиштето.
Уписите за средните училишта се во тек, учениците ќе се запишуваат и во текот на утрешниот ден до 15:00 часот. Тоа може да го направат електронски а доколку имаат проблем на располагање им стојат тимови на професори коишто ги примаат документите и заеднички ги внесуваат во системот.
Првите резултати од првиот уписен рок училиштата ќе ги објават во среда, 26 јуни, до 09:00 часот.
Стефани Манева