Успешна крводарителска акција на велешкиот Црвен крст Велес и „Велес Бајкинг“
Четвртата по ред крводарителска акција во организација на „Велес Бајкинг“ и Црвен крст – Општинска организација Велес којашто се одржа вчера, на 3 декември во просториите на велешкиот театар е успешна. Вкупно 60 граѓани ја подадоа својата рака и даруваа крв од кои тројца за прв пат со што станаа дел од најголемото хумано семејство.
Од здружението „Велес Бајкинг“ со особена гордост и радост соопштија дека оваа крводарителска акција полека станува и традиција.
-Преку овие четири крводарителски акции за коишто се надеваме дека ќе продолжат и ќе станат традиција на дело ги спроведовме и принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност, принципи на кои се заснова Крводарителството во Република Македонија, додаваат од „Велес Бајкинг“.
Од Црвен крст Велес соопштија дека при реализација на крводарителската акција учествувале пет волонтери од Клубот на Млади.
Дума.мк