Вака звучи вонвременската “Save a Prayer” кога ја свират и пеат велешаните Трајков и Тодоров (прекуокеанска ковер верзија)

Објавено на 13 декември, 2022 во 18:58
Фото: Роберт Трајков и Тодор Д.Тодоров

Изненадувачки убаво е чуството кога во текот на денот ви се случува да го отворите службениот е-мајл каде помеѓу десетиците информации, преписки, дописки и барања, на институциите задолжени да водат политика, економија,урбан живот, екологија, итн, и да имате можност да прочитате напишано писмо од сограѓани кои живеат илјадници километри далеку од родниот Велес. А во него да пишува:

„Почитувана Редакција, Почитувана Уредничке,

ни претставува посебна чест и задоволство, да Ви претставиме еден музички проект изработен од  страна на поранешниот професор по електротехника во средното училиште “Коле Неделковски”, Роберт Трајков кој подолг временски период живее и работи во Сојузна Република Германија и Адвокат Тодор Д. Тодоров кој од пред извесно време е преселен и живее во Торонто- Канада.  Двајцата како големи музички вљубеници и обожаватели на светски познатиот бенд Duran Duran, се потрудија да направат прекуокеанска ковер верзија на  еден од неговите најголеми хитови, од почетокот на ’80-тите години. Бендот  оваа година прославува 40 години од објавувањето на хитот, односно вонвременската нумера  “Save a Prayer” од нивниот албум “Rio”  кој излезе на светскиот музичкиот пазар во 1982 година.

Не сакаме ова да биде толкувано како некаква промоција или наша реклама, со оглед на фактот што и двајцата не се занимаваме професионално со музика во местата каде што живееме, но сметавме дека овој наш музички проект изработен со голема љубов и ентузијазам ќе треба да биде понуден на Вашиот портал кој е доста популарен и читан како на локално, така и на државно и интернационално ниво. Со позитивна мисла и надеж дека ќе Ви се допадне оваа наша музичко- иселеничка приказна, Ве поздравуваме и Ви посакуваме многу успеси, како на професионален така  и на приватен план.

Уживајте, “ напишаа Трајков и Тодоров.

Роберт и Тодор, Дума.мк, го споделува вашиот креативен ентузијазам со својата верна читателска публика за да уживаме СИТЕ ЗАЕДНО без разлика што не делат илјадници километри. И воедно ве охрабруваме вас и сите останати наши сограѓани ширум светот да ни пишувате, да ни испраќате фотографии или видеа. ОСОБЕНО ВАШИТЕ КРЕАТИВНИ ИЗРАБОТКИ!!!

А сега ајде да уживаме, сите заедно!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.