Лекари специјалисти од Велес станаа членови на самостојниот синдикат!

Објавено на 6 декември, 2012 во 11:00

Половина од лекарите од болницата во Велес станаа членови на самостојниот синдикат и дадоа поддршка на штрајкот на колегите од клинички центар во Скопје и другите болници во Македонија. Огранокот на самостојниот синдикат го формирале деновиве кога за координатор го избрале д-р Димитар Стровјаноски, специјалист уролог од  хирушкото одделение во болницата. Во првите шест месеци од  членувањето во самостојниот синдикат новите членови немаат право да организираат штрајк затоа тие ќе го користат статутарното право на протест за време на пауза и ќе учествуваат во штрајкот што се одржува во Скопје, рече др Стровјаноски.

„Тоа е некаде на ниво на протест меѓутоа во координација со самостојниот синдикат на Клинички центар им ја даваме поддршката и наши колеги ќе учествуваат на протестот што ќе се одржи во сабота во Скопје. За понатамошните активности ќе бидете благовремено известени.„

Во велешката болница се вработени 50 лекари специјалисти и најголем дел од нив не го поддржуваат проектот плата по учинок, вели др Стровјанов. Тие ќе бараат ревизија на досега исплатените плати на лекарите како и на проект на министерството за здравство „плата по учинок“. Ќе бараат и промена на односот кон нив од страна на министерството за здравство.  Др Стровјаноски вели дека за ова веќе го информирале директорот на болницата во Велес, др Атанас Василев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.