Спремен сум да се сретнам со пензионерите и социјалците!

Објавено на 17 декември, 2012 во 14:27

Реакција на пратеникот Марјанчо Николов по вчерашниот пензионерски протест пред зградата на СДСМ.

Велешани не треба да стравуваат бидејќи и да не се донесе буџетот на Република Македонија до 31 декември годинава,навреме ќе се исплаќаат пензиите , платите, социјалните и други надоместоци, стои во писмената реакција на пратеникот Марјанчо Николов. Она што велешани треба да ги загрижува е задолжувањето што ВМРО ДПМНЕ и го прави на државата и посебно на идните генерации напишал  пратеникот Николов.Тој  денеска му испратил писмо на Здружението на пензионери во кое од позиција на претседател на комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија ги кани на средба со цел да се разговараат за мотивот и причините за протестот.

„Како народен пратеник, ќе ги прифатам сите укажувања за потребата  и за донесувањето  на буџетот и тоа ќе го докажам до колку се прифати понудата за средба од страна на Здружението на пензионери на Велес,“ напиша пратеникот Николов.

Во колку не дојде до средба, ќе бидеме принудени да размислуваме дека вчерашниот протест на пензионерите крие во себе длабоки политички инструкции од владеачката партија, напиша Општинската организација на СДСМ во Велес. И тие сметаат дека треба да престане прекумерното трошење на народните пари за проекти како што бил фараонскиот Скопје 2014-та како и постојаните задолжувања на државата од странските банки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.