Вардар порибен со пола тон крап!
После десет години за прв пат се порибува, рибарите најавуваат чувари против рибокрадците.
Од Пчиња до Црна Река се одвива порибувањето на Вардар кое деновиве го реализира риболовното друштво „Бабуна“ кое е концесионер на овој дел од реката. Денеска во водата запловија 450 килогрми крап кои ќе треба да го збогатат рибниот фонд во Вардар.
„Три и пол месеци ќе има забрана за да се лови крапот за да можеме овие мали парчиња да ги зачуваме во речните води и да имаме поголема корист од нив. Водата во овој период е идеална за порибување, а и реката за чудо е се почиста и почиста. По затворањето на големите фабрички капацитети кои најмногу ја загадуваа реката се појавија и ракчиња кои покажуваат дека водата е чиста“, вели Ѕвонко Мечалов, претседател на риболовно друштво „Бабуна“.
Но, сепак за да се заштити новиот рибен фонд чуваеи ќе патролираат по крајбрежјето.
„Максимално сме подготвени, а помош имаме и од полицијата. Наши чувари ќе го обиколуваат крајбрежјето во наредните 48 часа“, вели Никола Џампалов, председателот на рибочуварска служба.
За рибарите кои се најдоа близу местото на порибување, ова е позитивен чин.
„Нека порибуваат добро е тоа за нас, се разбира дека ќе ги почитуваме препораките. Само несовесните меќу нас може да ги фаќаат овие мали крапчиња и да ги носат дома. Секој треба да ги враќа назат во реката бидејќи сите ќе имаме корист од тоа“, вели рибар.
Ова е прво порибување после 10 години во Вардар. Од риболовното друштво се оптимисти дека ќе биде успешно и најавуваат дека уште половина тон риба ќе исфрлат подолу по течението. Оваа риба ги чинела две и пол илјади евра.