Наместо топилница – зеленило
Жестока дебата меѓу екологистите и новите газди на велешка топилница на јавната дебата по повод измените на градската мапа.
Општината планира на местото на некогашниот загадувач да има зеленило и лесна индустрија, а тоа ќе го реализира со измена на генералниот урбанистички план.
„Ние прво планиравме таму да има и паркови и спортски игралишта, но препораката од здравство беше да не го правиме тоа бидејќи почвата е премногу загадена а големо движење на луѓе не е препорачливо“, вели Славјанка Печиновска Андонова, консултант во „Еко мозаик“.
На идејата на локалните власти реагираа преставници на фирмата Метрудхем, која е нов сопственик на велешката топилница и има план да ја рестартира на истата локација.
„Таму веќе има згради машини и морате да размислувата на нивните сопственици. Засега не ги занеме точните реперкусии, но убеден сум дека ако продолжите со измена на ГУП ќе ги има и тие може да бидат финансиски тешки“, вели Александар Билбилов, портпарол на Метрудхем.
На ова жестоко реагираа екологистите.
„Вие купивте инвентар, но станот е на општината. Тоа е пластичното објаснување кое можам да ви го дадам. За тоа воопшто да не се грижите што општината планира да прави со нејзиниот стан“, вели Ненад Коциќ, Зелена коалиција.
Од општината тврат дека работат законски и покра тоа што очекуваат дека процедурата тешко ќе се истера до крај.
„Максимално сме фокосирани на оваа работа, речиси е завршена целата документација и по ова че ја пратиме до надлежните министерства за транспорт и врски и екологија. По тоа ќе ја чекаме нивната одлука“, вели Билјана Шуркова, Општина Велес.
Јавната расправа која се одржа вчера е дел од процедурата која веќе две третини е завршена. Општината и екологистие со иницијативата за менување на градската карта имаа цел токму да се спречи рестартирањето на тридеценискиот загадувач кое го планираа новите газди на топилница.