Велешанка палела трафостаници поради нерешен спор со ЕВН!

Објавено на 1 февруари, 2013 во 11:56

Полицијата ја гони за предизвикување општа опасност.

Во неколку наврати четириесет и шест годишната М.П. од Башино село потпалила трафостаници оти имала нерешен спор со ЕВН. Последниот настан се случил пред четири дена, на 28 – ми јануари, кога гневна ја потпалила селската трафостаница. Купила еден литар бензин, го попрскала ѕидот на трафостаницата и го запалила. Пожарот за кусо време бил изгаснат, а објектот неоштетен.

Инаку жената била револтирана бидејќи сметала дека ЕВН и натпишува киловати за потрошена струја во нејзиниот дом. Веќе неколку години спорот се одолговлекувал, а таа и претходно два пати уништувала јавни инсталации на компанијата. За ова СВР – Велес веќе ја гони, а за последниот настан поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност, велат од велешката полиција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.