Балон сала на спортските терени на Гимназија!
Учениците во гимназијата и средното хемиско училиште од оваа пролет ќе вежбаат во балон сала. Ќе можат да ја изнајмуваат и велешани за рекреативно спортување.
Балон сала со вештачка трева ќе почне да се монтира на спортските терени на гимназијата и хемиското училиште. За два месеца ќе биде ставена во функција.
Во неа двете училишта во кои учат 1 500 ученици ќе ги одржуваат часовите по физичко воспитување од доцна есен се до пролет.
Штом учебната година ќе заврши балонот ќе се демонира и секој нареден септември повторно ќе се монтира.
Така ќе биде во наредните 15 години, време во кое со балон салата ќе стопанисува фирмата која ќе ја купи а потоа ќе им ја преотстапи на трајно користење на двете училишта.
Тие вака одлучиле да ги подобрат условите во наставата по физичко воспитување.
„Инвеститорот на балон салата ќе ги изнајмува терените после 15 часот. Тогаш ќе може да ги продава термините за рекреативно спортување на граѓаните. Претходно на тревата настава ќе спроведуваме двете училишта. Исто така инвеститорот има обврска да изгради две соблекувални,“ рече Славчо Давитковски, помошник директор на Гимназија Кочо Рацин.
Наставата за гимназијалците и учениците во средното хемиско училиште во Велес се изведува во заедничка зграда составена од две целини или два блока.
Двете училишта користат едни спортски терени и заедничка спортска сала. Таа е реновирана и во неа деновиве се постави вентилација.
Тоа двете училишта ги чинеше 3 илјади а со 2 илјади евра ги помогна општина Велес.