Пијан велешанец физички нападнал полицаец!

Објавено на 11 февруари, 2013 во 15:29

 

Тој возел автомобил во кој биле неговите пријатели кога го сопрела полицијата. Двајца од нив се вмешале во расправијата и се обиделе да ги спречат полицајците да го приведат пијаниот возач.

 

Случката се случила изминатата саботата на крстоснивата на улиците „8-ма Велешка Бригада“ и „Лазо Осмаков“ во Велес.

Полицијата го сопрела автомобилот марка „форд орион“, управуван од  лицето Б.С и при контролата констатирала дека тој вози под дејство на алкохол.

Тогаш пијаниот возач, според полицијата, почнал да ги навредува, да им упатува закани и физички нападнал еден од нив.

Во автомобилот биле и лицата Л.С. и М.С.кои исто така физички ги нападнале останатите двајца полицајци.

По ова, при обид Л.С. и Б.С. да бидат приведени во службеното возило, М.С. и М.С. ги туркале и влечеле полицајците за униформите и ги спречувале во вршење на работата.

Откако биле приведени во полициската станица и таму еден од нив нападнал службеник на СВР Велес.

Велешката полиција денеска против нив поднесе кривични пријави. Против Л.С.(43), Б.С.(48) и М.С.(16) сите од Велес за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, додека М.С. заедно со М.С.(17) се пријавени и за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.