Велешанец го принудувал пријателот да продава марихуана!
Полицијата ги открила и поднесе кривични пријави против двајцата.
Два килограми марихуана требало да продаде триесет и пет годишниот Х.Е. од Велес по наредба на неговиот пријател четириесет и три годишниот А.Ф кој ја имал дрогата. Се спријателиле неодамна и по кратко време решиле да ја продадат.
Дваесет и две исти кесички требало да ги продаде Х.Е. кој постојано добивал телефонски повци од А.Ф. кој бил сопственик на марихуаната, а кој за да бидат во контакт му подарил мобилен телефон. Секојдневно му вршел притисок што е можно побрзо да се предадат кесичките па велешанецот морал да најде човек од Кочани кој се одлучил да ги купи.
Стопанот на дрогата му дал илјада денари за со автобус да оди до Кочани, и на 13 овој месец тој заминал. Но, пред влезот во градот во редовна контрола полицијата го открила со марихуаната која ја имал кај себе. Тој пред инспекторите го открил и пријателот во чиј дом било пронајдено исто толкаво количество дрога. И двајцата заработија кривична пријава за неовластено производство и продажба дрога.